Топлинска енергија / Пазар на топлинска енергија

Согласно Законот за енергетика, вршителите на регулираните енергетски деј­но­сти производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија се должни да обезбедат јав­на услуга, а регулирањето на овие дејности е во надлежност на Ре­гу­ла­торната комисија за енергетика. Вршителите на регулираните енергетски дејности, лоцирани на територијата на Град Скопје за 2013 година се: 

  • ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје (производство на топлинска енергија)
  • ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје (дистрибуција на топлинска енергија)
  • СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје (снабдување со топлинска енергија)
  • Скопје Север АД Скопје (производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија)
  • АД ЕЛЕМ Подружница Енергетика (производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија).

Услугата за греење се плаќа врз основа на измерената испорачана енергија на влез на објектот. Регулацијата и отчитување на испорачаната енергија во секој објект се врши од централен диспечерски систем.