Изјава за информациите објавени на страницата

Регулаторната комисија за енергетика (во понатамошниот текст РКЕ) обезбедува пристап до материјалите објавени на оваа интернет-страница како сервис за јавноста. РКЕ редовно обновува и додава информации на ова интернет-страница. Сепак, поради фактот дека не ни е познато на кој начин ги користите истите информации не нудиме никакви гаранции (искажани или кои се подразбираат) околу информациите на интернет-страницата на РКЕ што конкретно сте ги употребиле.

РКЕ објавува линкови до сервери и интернет-страници што не се во никаква врска со РКЕ, исклучиво како информации од полза за корисниците. РКЕ не ја гарантира автентичноста на овие документи, како и нивната веродостојност. Овие документи не претставуваат официјален став на РКЕ и таа не презема никаква одговорност за ставовите, тврдењата, податоците или производите достапни на овие локации. Корисниците на своја одговорност пристапуваат кон информациите свесни дека информациите преземени од ваквите локации потенцијално содржат вируси, црви и потенцијално штетни софтверски програми.
 
Интернет-адресите на нашата страница можат да претрпат периодични промени заради преселба, бришење или нивно реорганизирање. При ова, адресите не се повеќе важечки. Кога користите стара адреса ќе добиете екрански приказ Page Not Found. На истиот екрански приказ ќе пронајдете линкови што ќе ви помогнат да ја пронајдете бараната содржина (како Мапа на страницата, Пребарување или Постави прашање).