РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
ЛИЦЕНЦИ
Надоместок за издавање

(1)    За започнување на постапка за издавање, менување, продолжување и пренесување на лиценците за вршење на енергетски дејности, за издавање на лиценца за пробна работа, како и кога носителот на лиценца за пробна работа отпочнува постапка за издавање лиценца, како и за упис во Регистарот, Регулаторната комисија за енергетика му наплаќа на барателот еднократен надоместок, и тоа:
1.    во висина од 45.000 денари за енергетските дејности од Член 3 став (1) точки: 11-ако производството е од обновливи извори, 14-ако електричната енергија која се складира е од обновливи извори, 20 и 21-ако производството е од обновливи извори,
2.    во висина од 60.000 денари за енергетските дејности од Член 3 став (1) точки: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11-ако производството не е од обновливи извори, 12, 13, 14-ако електричната енергија која се складира не е од обновливи извори, 15, 16, 17, 18, 19, 21-ако производството не е од обновливи извори, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28 и 29.  
(2)    По исклучок на ставот (1) од овој член, Регулаторната комисија за енергетика не му наплаќа на барателот надоместок во случај на отпочнување постапка за:
1.    промена на лиценцата по службена должност или
2.    продолжување на лиценцата за пробна работа.
(3)    Независно од решението или одлуката која ќе биде донесена по поднесеното барање, уплатениот еднократен надоместок за отпочнување на постапката не му се враќа на барателот и не може да се користи во случај кога барателот отпочнува нова постапка согласно овој Правилник.
(4)    Носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и носителите на решенија за упис во Регистарот, имаат обврска за плаќање на годишен надоместок на Регулаторната комисија за енергетика, согласно Законот за енергетика*.
(5)    Носителите на лиценци за вршење енергетски дејности кои вршат една или повеќе регулирани енергетски дејности или вршат една или повеќе регулирани енергетски дејности и друга енергетска дејност или друга дејност се должни да водат одвоено сметководство и во годишната сметка доставена до Централниот регистар на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: ЦР) одделно по шифра на дејност, согласно Националната класификација на дејности, да го прикажат приходот од секоја енергетска дејност за која поседуваат лиценца.

 

Жиро сметка: 300000001735366

Депонент: Комерцијална банка АД Скопје

© 2024 РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА